TheNorthmacedoniaTime

Светскиот ден на бубрегот се одбележува под мотото „Бубрежно здравје за сите: Грижа за луѓето, заштита на планетата’’

2026-03-12 - 08:37

Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ по повод Светски ден на бубрегот во Македонија денеска во Скопје организира настанот под мотото „Бубрежно здравје за сите: Грижа за луѓето, заштита на планетата’’. На отворањето на настанот, како што најавува организаторот, ќе се обратат министерот за здравство, Азир Алиу; директорот на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски; директорот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за нефрологија, Никола Ѓеорѓиевски, претседателот на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи, Гоце Спасовски и претседателот на Здружение НЕФРОН, Душко Ѓоргиев. На настанот е предвидена интерактивна дискусија посветена на бубрежните болести (превенција, раното откривање, третман) и предизвиците со кои се соочуваат бубрежно болните лица, на која, како што е најавено, учество ќе земат членови на Здружението Нефрон, пациенти на дијализа, лица со трансплантиран бубрег, донори на органи како и претставници од здравствени институции, медицински компании, Националниот координатор за трансплантација и дијализни центри. Целта е преку заедничка дискусија да се унапреди грижата и третманот на бубрежно болните лица во Македонија.

Share this post: