Мотоциклист тешко повреден откако удрил во куче на патот
2026-03-01 - 21:17
На 28.02.2026 околу 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат с.Р’жаничино-с.Таор, скопско, Р.И.(29) од с.Орешани, скопско, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, удрил во куче скитник, по што паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Share this post: