Леброн на лето си заминува од Лејкерси, но не и од кошарката, еве каде ќе игра
2026-03-16 - 21:57
Инсајдерот на „ESPN“, Марк Спирс, верува дека Леброн Џејмс ќе ги напушти Лејкерси претстојното лето. – Леброн Џејмс ќе биде слободен агент. Не го гледам во дресот на Лејкерси – никој од Лејкерси не ми го кажал тоа, тоа е само моја претпоставка. И би претпоставил дека Кливленд е неговата опција број еден, а Голден Стејт веројатно втора варијанта. Ова се само гласини, работи што ги слушнав од луѓе, изјави Спирс за радиото „95.7 The Game“. Оваа сезона, Леброн Џејмс има просек од 21,3 поени, 5,7 скока и седум асистенции по натпревар. Леброн кариерата ја почна во Кливленд кавалирс во 2003 година. Од 2010 до 2014 настапуваше за Мајами хит. Следните четири години ги помина во Кливленд, а од 2018 настапува за Лос Анџелес лејкерс.
Share this post: