Предупредување: Опасност од лавини на Шар Планина
2026-02-16 - 12:29
Поради последните обилни врнежи од снег, засилен ветер и пораст на дневните температури, на територијата на Националниот парк Шар Планина е забележано значително зголемување на лавинската опасност, особено на стрмни падини со источна, југоисточна и јужна експозиција. -Апелираме до сите посетители, планинари и љубители на зимските спортови: – движете се внимателно во планински услови – избегнувајте ризични и стрмни терени – користете соодветна безбедносна опрема Планината е прекрасна, но бара одговорност. Информираноста и добрата подготовка се клучни за безбедно уживање во природата, истакнуваат од НП „Шар Планина“.
Share this post: