Каракамишева ангажирана за советник на премиерот Мицкоски
2026-01-29 - 18:06
Со голема чест и задоволство објавувам дека сум ангажирана за Советник од областа на човековите права и владеењето на правото од страна на Претседателот на Владата, проф. д-р Hristijan Mickoski. Голема благодарност за дадената доверба која е плод на нашата повеќегодишна соработка. Голем предизвик и одговорност е да се биде советник за најчувствителната правна материја која ги опфаќа сите материјални и формални аспекти на македонскиот систем, но и меѓународната позиција на човековите права и владеењето на правото. Ветувам голема посветеност и професионалност во извршувањето на доделените обврски, но и многу повеќе од тоа. Ветувам работа и резултати, објави Тања Каракамишева на Фејсбук.
Share this post: