Реал Мадрид пак ќе го менува тренерот, кој е следен?
2026-03-04 - 17:57
Реал Мадрид е заинтересиран да го назначи Масимилијано Алегри од Милан за главен тренер доколку Алваро Арбелоа биде отпуштен во текот на летото. Според „Кориере дело спорт“ раководството на Реал направило два обида да го потпишат италијанскиот менаџер – во 2019 и 2021 година. Самиот Алегри е задоволен од својата работа во Милан, кој го презеде по втор пат во јули 2025 година, иако тој би сакал да го подобри составот за меѓународни предизвици. Реал Мадрид, исто така, го разгледува Јирген Клоп за главен тренер. Претходно беше објавено дека Арбелоа ја губи поддршката од играчите на Реал Мадрид по лошата серија резултати. Неодамнешните порази во Ла Лига и елиминацијата од Купот на кралот сериозно ја поткопаа довербата на играчите во идеите на тренерот