TheNorthmacedoniaTime

Сиљановска-Давкова со највисоки почести го пречека претседателот на Албанија, Бајрам Бегај

2026-02-27 - 11:06

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести денеска во вила „Водно“ го пречека својот албански колега Бајрам Бегај, кој е во официјална посета на земјава. По пречекот тие имаа тет-а-тет средба, а потоа и пленарен состанок на македонската и албанската делегација. Се очекува Сиљановска-Давкова и Бегај да имаат и заедничка прес-конференција. За време на посетата, тој ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Според агендата на официјалната посета, албанскиот претседател ќе има средба и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, а потоа и ќе се обрати пред пратениците.

Share this post: