Трамп: Предоцна е за преговори со Иран
2026-03-03 - 13:38
Претседателот на САД, Доналд Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека е предоцна за преговори со Иран. Тој одговарајќи на корисник, кој наведе дека американските напади довеле до „раѓање на доктрина на Трамп“, американскиот претседател одговори: Нивната противвоздушна одбрана, воздухопловство, морнарица и лидери исчезнаа. Сакаат да разговараат. Им кажав – Предоцна!, објави Трамп. САД и Израел на 28 февруари го нападнаа Иран, на што Техеран возврати со напади врз Израел, американските бази и енергетската инфраструктура во земјите од Персиски Залив.
Share this post: