Се движи само со лисици и со двајца чувари: Мадуро го чуваат во ќелија со димензии два на три метри
2026-03-13 - 08:37
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, кој на почетокот на јануари беше заробен од САД, е сместен во изолациска ќелија со димензии два на три метри во американски затвор, објави шпанскиот весник „АБЦ“. Според весникот, овие ќелии официјално служат за неколку цели: дисциплинска изолација, спречување на самоубиство и заштита на особено опасни или ранливи затвореници. Весникот додава дека на затворениците им е дозволено да излегуваат три пати неделно по еден час, секогаш со лисици и во придружба на двајца чувари.
Share this post: