TheNorthmacedoniaTime

Латас: Ленче Ристоска, една од ʼониеʼ извикани обвинители на СЈО, по тужба за клевета против мене денес пред судот спомнала моја фамилија

2026-01-29 - 18:44

Оввинителката Ленче Ристоска, една од ʼониеʼ извикани обвинители на СЈО, по тужба за клевета против мене денес пред судот спомнала моја фамилија... Прво, спомнатото не е точно што е лесно докажливо и следи моја тужба за клевета против Ленче Ристоска. Да, таа Ленче што се кандидира за Вишо обвинителство и не ја примаат, за судија во СЧП во Стразбур – ја одбиваат, еве ја сега се кандидира за трето нешто – за државен (републички) јавен обвинител со целиот багаж и хипотека од СЈО. Но, кога одбрала да влегува во фамилии редно е да се потрудам и истражам, и секако потоа објавам, каков е крајот на судската кариера на нејзиниот татко. Крајот е срамен, според сечиј вредносен суд, и Ленче ќе биде заслужна што ќе биде и јавно познат, пишува Драган Павловиќ Латас на Фејсбук.

Share this post: