Утре ќе се одлучува дали горивата ќе имаат нова цена
2026-03-15 - 17:07
Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за цената на нафтените деривати. Воениот конфликт меѓу Иран и САД и Израел придонесе за скок на цената на нафтата на светските берзи. Поради тоа, минатата недела имаше значителен раст на цените на нафтените деривати во земјава. Цената на бензините се зголеми за 5 денари, а на дизелот на 14,50 денари. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство се зголеми за 12,50 ден/лит, додека на мазутот за 7,044 ден/кг. Ова се актуелните цени на горивата: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар) Масло за горење Мазут М-1 НС – 82,50 (денари/литар) Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 42,586 (денари/килограм)