„Ле Фигаро“: Со илјадници лажни профили Израел води масовна кампања за дезинформации околу Иран
2026-02-02 - 19:48
Францускиот весник „Ле Фигаро“ објави дека израелските власти водат голема кампања за дезинформација за случувањата во Иран, користејќи илјадници лажни профили на социјалните мрежи за да го промовираат Реза Пахлави на иранските платформи на социјалните медиуми. Според извештајот, во еден испитан случај, 4.765 сметки на платформата X (порано Твитер) заедно објавиле 843 милиони твитови. Во друг случај, 11.421 сметки генерирале повеќе од 1,7 милијарди лајкови на објави. Девојка од Израел на телевизија дознала дека „била жртва на протестите во Иран“ „Фигаро“ додава дека хаштагот „Крал Реза Пахлави“ (КingRezaPahlavi) бил меѓу најшироко користените, главно поттикнат од лажни профли.
Share this post: