Сам се пријавил: Лишен од слобода синот кој утрово со остар предмет ја уби неговата мајка
2026-03-30 - 09:04
Лишен од слобода е 27-годишен жител на Росоман, кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од ОВР – Кавадарци денеска го лишија од слобода И.Р., на возраст од 27 години од Росоман. Во СВР – Велес, тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет ѝ нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди, починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци. Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кавадарци и увидна екипа од ОВР – Кавадарци, соопштија од МВР.
Share this post: