TheNorthmacedoniaTime

Клоп го фали Салах пред заминувањето

2026-03-27 - 19:04

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, во суперлативи зборуваше за го нарече египетскиот репрезентативец Мохамед Салах, кој на лето ќе го напушти премиерлигашот од „Енфилд Роуд‘. Клоп и Салах соработуваа седум години во Ливерпул, период во кој клубот ја освои Премиер лигата и Лигата на шампиони. „Кога го тренирате, ги правите исти работи како и со секој друг играч. Му кажувате да не ја губи топката, повеќе да се враќа во одбраната. Нормални работи. Неверојатно е кога ќе ја погледнете пошироката слика. Неговата статистика е неспоредлива. Дали ќе зборуваме за ова за десет години и дали некој друг ќе ги достигне истите бројки? Ќе биде многу тешко за некој да го надмине. Салах е еден од најголемите фудбалери на сите времиња“, рече Јирген Клоп, цитиран од Би-Би-Си

Share this post: