TheNorthmacedoniaTime

Христијан Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ на Самитот на Европска народна партија – акцент на проширувањето на ЕУ

2026-03-18 - 18:13

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, од Брисел информираше дека партијата учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП), кој се одржува по повод 50-годишнината од формирањето на најголемото политичко семејство во Европа. „Два дена сме во Брисел за да ја одбележиме 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија, чиј нераскинлив дел е и ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во Македонија“, изјави Мицкоски. Тој посочи дека во рамки на Самитот ќе се одржат состаноци на лидери и претседатели на партии од семејството на ЕПП, на кои ќе се разговара за економската перспектива на Европа, глобалните предизвици, војната во Украина, состојбите на Блискиот Исток, како и за зголемување на европската конкурентност. Мицкоски нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ посебен фокус ќе биде ставен на процесот на проширување на Европската Унија, како и на реформите и постигнувањата што, како што рече, македонската Влада ги реализирала во изминатите месеци.

Share this post: