Норвешки скијач тешко се повреди во Италија, со хеликоптер го однесоа во болница
2026-02-05 - 08:08
Норвешкиот скијач Фредрик Мелер заврши во болница по тешкиот пад што го доживеа на првиот тренинг во спуст во пресрет на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, кои официјално започнуваат во петок. Инцидентот се случи на патеката „Стелвио“ во Бормио, каде што Мелер при падот го измести левото рамо. Засега не е познато дали ќе може да настапи на Олимписките игри, што претставува сериозен удар за норвешката репрезентација, која веќе остана без една од своите најголеми ѕвезди. Имено, Норвешка претходно го загуби и Александер Амодт Килде, кој се повлече од Игрите поради повреда. Килде тешко се повреди во јануари 2024 година по падот во Венген, а иако се врати на патеките на почетокот на оваа сезона по речиси двегодишна пауза, не успеа целосно да се опорави. Во вторникот официјално се откажа од настап на Олимпијадата.