TheNorthmacedoniaTime

Битолска премиера на филмот „Уште една игра“

2026-03-13 - 08:06

Денеска, на 13 март (петок) со почеток во 19:30 часот, во големата сала на Центарот за култура Битола, ќе се одржи битолската премиера на македонскиот филм „Уште една игра”, во присуство на режисерот Ник Јансен и дел од екипата. Филмот ја следи приказната за Мартин, 16-годишник од Чучер-Сандево кој сонува да стане професионален гејмер. Неговата страст за е-спортот го носи пред серија предизвици и избори – помеѓу соништата, пријателството и очекувањата на околината. Во филмот настапуваат: Тони Михајловски, Гоце Андонов, Zephaniah Terry, Жаклина Стефковска, Александра Пашевска,Марија Јанчевска, Марјан Наумов , Далиа Стоименова, Јасмина Василева, Ведран Чешарек и Петар Маниќ. Публиката во Битола ќе има можност да ја проследи премиерната проекција и да се сретне со дел од авторската екипа на филмот.

Share this post: