TheNorthmacedoniaTime

„Аксиос“: Трамп и неговиот тим планираат разговори за мир со Иран

2026-03-22 - 10:03

Администрацијата на американскиот претсеател Доналд Трамп почнува да планира можни мировни преговори со Иран, иако се очекува непријателствата да продолжат уште неколку недели, пишува „Аксиос“. Според изданието, секој договор веројатно би барал повторно отворање на Ормутскиот Теснец, ограничување на нуклеарните и ракетните програми на Иран и прекин на поддршката за регионалните групи. Индиректни пораки се испраќаат преку земји како Египет и Катар. Медиумот додава дека Иран е отворен за преговори, но сака прекин на огнот, гаранции против идни напади и компензација за предизвиканата штета од израелско-американските напади – барања што Трамп моментално ги отфрла. Планот на Трамп бил војната да трае најмногу 4-5 дена и Иран да се предаде веднаш по убиството на Хамнеи САД се надеваат дека Иран ќе се согласи на строги ограничувања, вклучително и целосно прекинување на збогатувањето на ураниум и намалување на неговите ракетни капацитети, иако Иран претходно ги отфрли таквите услови.

Share this post: