Протести ја тресат Тирана, демонстранти ја нападнаа полицијата
2026-03-23 - 11:44
Илјадници луѓе во неделата маршираа низ улиците на албанската престолнина во знак на протест против владата на премиерот Еди Рама, објави „Анадолија“. принтскрин Демонстрантите се собраа пред кабинетот на премиерот во Тирана, по повик на главната опозициска Демократска партија (ПД), и побараа Рама и неговата левичарска влада да поднесат оставка поради обвинувања за корупција. Тие фрлаа молотови коктели, а полицијата интервенираше со солзавец и со водени топови. Молотови коктели беа фрлени кон владината зграда, некои министерски згради и кон полициски возила.
Share this post: