Мицкоски за средба со Ахмети: Ќе има средба..некогаш
2026-01-28 - 07:34
Премиерот Христијан Мицкоски не одговори конкретно дали ќе има тет-а-тет средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети која беше договорена уште на лидерската средба. Дали ваквиот став на Мицкоски е поради фактот што Европскиот фронт предводен од ДУИ гласаше против Законот за прекршоци и “Сејф сити“ ВМРО-ДПМНЕ и без ДУИ обезбеди двотретинско мнозинство не само за законот за Сејф сити, туку и Бадентер за Народниот правобранител. „Ќе има средба.... ќе има средба... некогаш“, вели Христијан Мицкоски. Мицкоски: 450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија
Share this post: