Николоски: Очекувам многу позитивни работи во блиска иднина за инфраструктурата, транспортот и многу нови работни места во Македонија!
2026-03-12 - 17:17
Во Washington, DC на глобалниот економски форум „Трансформација на транспортот“ организиран од Светска Банка. Геостратешката позиција на Македонија каде што се сечат двата пан-европски коридори, но и близината до пристаништата во Југоисточна Европа се предноста на Македонија. Ги преставив проектите што ги реализираме за подобрување и модернизирање на патниот и железничкиот сообраќај, можноста за отворање на слободни економски зони на самите коридори, како и одличната можност за инвестиции во Македонија. Очекувам многу позитивни работи во блиска иднина за инфраструктурата, транспортот и многу нови работни места во Македонија, напиша на социјалните мрежи, вицепремиерот Александар Николоски.
Share this post: