TheNorthmacedoniaTime

АХВ ќе ја контролира продажбата на јајца и бои во пресрет на Велигден

2026-03-30 - 11:14

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најави дека ќе ја контролира продажбата на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи во пресрет на велигденските празници. Ќе се проверува производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата за да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие нелегалната трговија. Во надзорот ќе бидат опфатени маркетите, угостителските објекти, специјализираните продавници за јајца, производители и трговци со бои за јајца и нивните увозници, како и месарници и зелените пазари. Од АХВ, апелираа до граѓаните да бидат внимателни и одговорни потрошувачи и храната да ја купуваат исклучиво од одобрени и регистрирани оператори кои се под контрола на Агенцијата.

Share this post: