TheNorthmacedoniaTime

Променливо облачно време, кон крајот на денот повторно врнежи од дожд

2026-02-16 - 07:49

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места во западните делови од земјата ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен северозападен, а наместа и повремено засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од 1 до 5 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. И во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд, а ќе дува променлив ветер. Минималната тмпература ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени. Од утре следува заладување со нови пообилни врнежи. Потоа ќе има претежно стабилно време, а од петок повторно ќе има врнежи од снег и дожд.

Share this post: