Ова се најсреќните денови во февруари за секој хороскопски знак
2026-01-30 - 10:39
На наведените датуми фокусирајте се на она што сакате да го остварите, без разлика дали станува збор за љубовта, кариерата, финансиите или личниот развој. Тие денови ѕвездите ќе ви бидат наклонети, а вам ви преостанува да ја искористите шансата што ви се нуди. Еве кои датуми во февруари ќе бидат особени среќни за секој хороскопски знак... Овен – 20 февруари Овој ден ви носи комбинација од силна волја и инспирација, што значи дека тоа е идеално време за конкретизација на плановите и старите идеи што сакате да ги претворите во реалност. Бик – 22 февруари Месечината овој период создава поволни аспекти што поттикнуваат стабилност и емотивна јасност, па ова е одличен момент за решавање финансиски прашања или унапредување на личните односи преку искрена комуникација. Близнаци – 1 февруари Полната месечина во лав на почетокот од месецот го осветлува вашето поле на креативност и видливост, што ви олеснува да се истакнете и да добиете признание за тоа што го правите. Рак – 10 февруари Влегувањето на Венера во риби ги засилува емпатијата, поврзаноста и емоционалната поддршка, па тоа е ден кога ќе се чувствувате интуитивно ускладени со другите, што може да доведе до важни емоционални продори. Лав – 1 февруари Полната месечина во знакот на срцето и креативноста ви носи посебна видливост и шарм, што се одразува преку социјални успеси и убави мигови во љубовта или творештвото. Девица – 16 февруари Ова е ден кога Меркур прави хармоничен аспект со Јупитер и дава одлични можности за проширување на знаењето, учење, но и напредок во комуникацијата и договорите, особено во кариерата. Терезија – 17 февруари На денот на помрачување на сонцето во водолија, може да доживеете ресет во важните односи, додека кармичките врски и долгорочните соработки ќе излезат на површина – тоа може да биде важен пресврт. Скорпија – 10 февруари Венера во риби носи интензивна емотивна енергија, која ви помага да ги унапредите врските и да ја продлабочите интимноста, па ова е поволен момент и за креативно изразување. Стрелец – 17 февруари Помрачувањето на сонцето ви помага да се ослободите од старите навики и да поставите нови темели за учење, патувања и проширување на видиците, поради што 17 февруари е ден кога прогресивната енергија дејствува во ваша корист. Јарец – 16 февруари Меркур со Јупитер на овој ден ја зголемува можноста вашите планови и преговори да дадат резултати, поради што ви претстои поволен момент за финансии и стратешки чекори. Водолија – 17 февруари Помрачувањето на сонцето во водолија се случчува директно во вашиот знак и може да означи почеток на нов циклус, поради што внимателното поставување на целите и искрениот пристап кон вашите амбиции ќе ве одведат кон поголема јасност и напредок. Риби – 10 февруари Венера во вашиот знак ги засилува магнетизмот, емпатијата и привлечноста, па ова е идеален ден за љубов, уметност, но и за поставување јасни граници во односите што вреди да ги одржувате.