Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК
2026-01-28 - 12:14
Со 83 гласа „за“, Собранието денеска ги избра членовите на новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК), а за рв човек на ДИК е избран поранешниот министер за евроинтеграции Бојан Маричиќ. За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата се избрани Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху. Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Со донесувањето на овој закон, според подносителите од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се отстрануваат идни евентуални штетни последици од законските измени на овој законик донесени во септември 2023 година и се подобруваат одредени одредби со што се врши усогласување со европските стандарди.
Share this post: