TheNorthmacedoniaTime

Ако Филипче некогаш дојде на власт ќе се работи четири дена во неделата, а ќе дава пари и на иселеници

2026-03-27 - 18:54

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг за новинари, објави нова мерка која што е вклучена во новата предлог програма на опозициската партија, а се однесува на кратење на работната недела од сегашните пет работни дена на четири работни дена. „Станавме нација со најдолг работен циклус.Нација која е најпреработена, најисцрпена и соочена со масовен „burn out“. Луѓе работат преку авторски договори или со т.н лажно самовработување. Затоа е потребна гарантирана сигурност и извесност на работните места. По една година, трајна работа, ставаме крај на договорите на месец дена. По најмногу 12 месеци секој привремен ангажман станува траен. Еднакви права имаат сите. Секој ден се брои во стаж, крај за агенциски вработувања и синдикатот е твој штит“, рече Филипче.

Share this post: