TheNorthmacedoniaTime

„За секој случај, ако дојдат непријатели“: Лукашенко му подари на Ким Џонг-ун белоруска автоматска пушка

2026-03-28 - 20:44

За време на посетата на Пјонгјанг, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, лично му подари на севернокорејскиот лидер Ким џонг-ун, белоруска автоматска пушка ВСК. При предавањето на пушката, Лукашенко истакна: На војникот секогаш ќе му треба автоматска пушка... За секој случај, ако се појават непријатели. При предавањето на автоматската пушка, претседателот на Белорусија додаде дека во негвата земја е вообичаено за оружјето да се дадат пари, при што стави паричка во футролата. За време на посетата беше потпишан договор за пријателство и соработка меѓу Белорусија и Cеверна Кореја. Inaku, VSK-100 e автоматска пушка целосно произведена во Белорусија. Има должина од 915 мм, тежина од 4,3 кг без рамка и користи калибар – 7,62×39 мм.

Share this post: