TheNorthmacedoniaTime

Притвор за измамник кој за пари излажал жена дека нејзиниот внук направил сообраќајка

2026-03-17 - 10:54

Лажен инспектор успеал да измами жена од Прилеп за сума од 2.000 евра и 1.000 долари, по што доби притвор, соопштија во Министерството за внатрешни работи (МВР). „ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.А.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 04.11.2025, пријавениот измамил жена од Прилеп за сума од 2.000 евра и 1.000 долари. Лажно претставувајќи се како инспектор во странска земја, на жената ѝ соопштил дека нејзините внуци во странство направиле сообраќајна несреќа во која починало дете. Притоа, тој ѝ побарал пари за да издејствува нејзиниот внук да не оди во затвор, по што таа ги оставила парите на договореното место“, наведено е во соопштението. Измамникот е лишен од слобода, а од надлежен судија му е одреден притвор.

Share this post: