TheNorthmacedoniaTime

Втората половина од март носи температурен шок: Студено време, температурите паѓаат под нула и почести врнежи

2026-03-18 - 14:15

Втората половина од месец март ни носи студено време и почести врнежи. Времето утре променливо облачно, во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Следните денови ќе се задржи променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури наместа ќе се спуштат под нула степени.

Share this post: