Светската шампионка во скијачко планинарење стигна и до олимписко злато
2026-02-19 - 15:46
Светската шампионка во една од новите олимписки дисциплини – скијачко планинарење, Мариане Фатон од Швајцарија го освои првото место и златниот медал на Зимските олимписки игри во Милано – Кортина. Таа постигна време од 2:59.77 минути и беше единствената натпреварувачка со резултат под три минути. Натпреварувањето се одржа во лоши временски услови со многу нов снег. Среброто и припадна на Французинката Емили Хароп, а бронзата на Ана Алонсо Родригез од Шпанија. Ова за Швајцарија беше 13 медал на Игрите, од кои шест се златни.
Share this post: