„Волстрит џурнал“: Кинескиот генерал Џанг обвинет за шпионирање во корист на САД
2026-01-26 - 08:37
Највисокиот кинески генерал Џанг Јуксија е обвинет за пренесување информации за кинеската програма за нуклеарно оружје на САД и за примање мито, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на неименуван извор. Истрагата против потпретседателот на Централната воена комисија на Кина (ЦВК), Џанг е поради што тој наводно создал „политичка клика“ за да изгради „мрежа на влијание“ и со тоа го злоупотребил својот авторитет во ЦВК. Тој се сомничи и дека примал мито во замена за унапредување во највисокото тело на Комунистичката партија за носење на воени одлуки. Џанг се товари и дека наводно му помагал на поранешниот кинески министер за одбрана Ли Шангфу да напредува во замена за мито. Кинеското Министерство за одбрана вчера соопшти дека Џанг е под истрага поради сомневање за тешко кршење на дисциплината и законот.