Бразил го критикува американскиот напад врз Иран
2026-03-22 - 08:34
Претседателот на Бразил, Лула да Силва, го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, за нападот и војната против Иран. Не можеме да стоиме настрана и да гледаме некого кој се смета себеси за господар на светот. Не можеме да се разбудиме наутро и да видиме некого како вели дека ќе ги земе Гренланд, Панамскиот канал, Куба и Венецуела и ќе го бомбардира Иран“, изјави Да Силва. Бразилскиот претседател додаде дека суверенитетот на земјите мора да се почитува.
Share this post: