TheNorthmacedoniaTime

На УКИМ јавна дебата за предлог-законот за високо образование

2026-02-23 - 09:26

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска попладне ќе се одржи јавна дебата за предлог-законот за високо образование, трета од најавените шест на јавните универзитетите, во присуство на министерката за образование и наука Весна Јаневска. Вакви дебати досега беа одржани на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Законот за високото образование и Законот за квалитет во високото образование се поставени и на националниот регистар на прописи (ЕНЕР), а МОН креира и посебни две е-адреси за праќање коментари за двата предлог-закона.

Share this post: