TheNorthmacedoniaTime

ВМРО-ДПМНЕ ги избра претседателите на партиските комисии

2026-02-10 - 07:10

На вчерашната седница на новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука за избор на повеќе претседатели на партиски комисии, при што за претседател на Комисија за здравство избран е Сашо Клековски, за претседател на кадрова комисија е избран Благоја Ташаминов, претседател на комисија за безбедност и одбрана е Панче Тошковски, додека нов претседател на комисијата за туризам е Аккан Махмут. За претседател, пак, на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје бил избран Златко Перински. -Промени. Го слушаме гласот на членството. Вистинскиот избор за заедничка иднина!, напиша Мицкоски во објавата на Фејсбук. Прва седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Share this post: