TheNorthmacedoniaTime

Јандроковиќ: Српските суперсонични ракети се причина за сериозен разговор помеѓу политичките актери

2026-03-16 - 18:47

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ изјави дека главните политички актери во земјата треба сериозно да разговараат за информациите за српските суперсонични ракети. Информацијата дека Србија има суперсонични ракети не е причина за забава, неодговорни изјави, евтини внатрешнополитички битки, туку за да седнеме сериозно, одговорно да водиме политика и да ги заштитиме интересите на Република Хрватска“, изјави Јандроковиќ по седницата на Претседателството на Хрватската демократска заедница (ХДЗ). Пленковиќ за новите српски ракети: Ќе ги предупредиме партнерите од НАТО Неговата изјава уследи откако претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ наведе дека министерот за одбрана Иван Анушиќ неколку месеци знаел дека Србија поседува такви ракети, но најверојатно ја криел информација од премиерот Андреј Пленковиќ. Премиерот на Хрватска на 13 март информираше генералниот секретар на НАТО, Марк Руте за српското оружје. Милановиќ: Постои држава која овозможува зајакнување на Србија, да не е Израел? Јандроковиќ посочи дека Србија поседува „многу сериозно оружје кое не служи за одбрана, туку за напад“ и оти за тоа треба да разговара Советот за национална безбедност и Советот за одбрана, за да се заштитат државата и граѓаните.

Share this post: