Седница на Советот за безбедност, ќе се разговара за состојбата на Блискиот Исток
2026-03-01 - 09:37
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова закажа седница на Советот за безбедност, која ќе се одржи денеска во 18 часот во Вилата Водно. Ккао што информираат од кабинетот, тема на седницата ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток, што кулминираше со убиството на лидерот на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. САД и Израел вчера го нападнаа Иран, кој возврати со напади на повеќе држави во заливот. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вчера информира дека е формиран и кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција на македонските државјани. Министерството апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја внимателно да ги следат официјалните известувања на надлежните институции и строго да постапуваат согласно безбедносните протоколи. Воедно, се препорачува одложување на сите ненeопходни патувања кон земјите од овој регион сè до подобрување на безбедносната состојба. Гордана Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а членови се и претседателот на Собранието, Африм Гаши, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министрите за внатрешни работи, за одбрана и за надворешни работи, Панче Тошковски, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов.