TheNorthmacedoniaTime

Лажни дојави за бомби вчера и денес во скопски и во тетовски училишта

2026-02-24 - 12:56

Вчера во Министерството за внатрешни работи стасале дојави за поставени експлозивни направи во неколку училишта во Тетово и Скопје, информираат оттаму. Нови дојави имало и денес. „Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат во МВР. Денеска пристигнале нови дојави за поставени експлозивни направи во неколку училишта во Тетово, за кои е утврдено дека се лажни.

Share this post: