TheNorthmacedoniaTime

По повод Светскиот ден на поезијата, вечерва во ЕУ Хаус- Скопје јазиците градат мост, а не бариера

2026-03-24 - 08:44

По повод Светскиот ден на поезијата, ве покануваме на вечер каде што јазиците градат мост, а не бариера, велат од ЕУ хаус-Скопје. „Меѓу два стиха – Ndërmjet dy vargjeve” – симбиоза помеѓу македонскиот и албанскиот јазик, препев и споделено значење. Повелете на вечер дизајнирана како поетски разговор, каде што секоја песна се слуша во нејзината оригинална форма, а потоа се ревитализира преку препев – дозволувајќи моќта на зборовите да формираат врска и да резонираат со публиката во реално време. 4 март | 19:00 | Јуроп хаус Скопје Со наизменични преводи од: Марија Велинова • Лира Бојку • Ивана Јовановска • Валдета Дулахи • Стефан Спасовски • Калтрина Садики Вечерта ќе ја заокружат модераторите – Арлинда Бафтиу и Андреј Медиќ Лазаревски со заедничко читање

Share this post: