TheNorthmacedoniaTime

Руски научник и археолог уапсен во Полска ќе биде екстрадиран во Украина

2026-03-19 - 09:23

Рускиот научник и археолог Александар Бутјагин ќе биде екстрадиран во Украина од Полска, одлучи пресуди полски суд. Бутјагин е етаблиран научник и претставник на музејот Ермитаж. Тој беше уапсен во декември 2025 година во Полска на барање на Украина, за наводни нелегални археолошки истражувања на Крим. По ваквата одлука на послкиот суд, реагираа од Русија, од каде реагираа дека ќе поведат жалбена постапка и ќе бараат враќање на Бутјагин во неговата татковина. Би сакала да нагласам дека ова е политички процес кој нема правна основа. Одлуката на полскиот суд е привремена. Има една недела да се поднесе жалба, а ние ќе бараме брзо враќање на Александар Бутјагин во неговата земја“, истакна портпаролката на руското министерство за надворешни работи.

Share this post: