TheNorthmacedoniaTime

НБА: Филаделфија е во серија, Клиперси во криза

2026-02-03 - 07:29

– Екипата на Филаделфија рано утрово го совлада тимот на Лос Анџелес клиперс на гостински терен со 128:113. Со по 29 постигнати поени најефикасни на натпреварот беа, крилниот центар на Клиперс, Каваи Леонард, и бекот на Сиксерси, Тајрис Макси. Филаделфија ја забележа својата четврта победа по ред и 28. во сезоната. Тимот е шести на табелата во Источната конференција. Клиперси (23 победи) се на деветтото место на Западот. На другите два натпревара во НБА-лигата играни ноќеска: Индијана – Хјустон 114:118 Мемфис – Минесота 137:128.

Share this post: