TheNorthmacedoniaTime

Гвардиола го откажа тренингот на Манчестер сити пред дуелот со Реал Мадрид

2026-03-16 - 18:27

Екипата на Манчестер сити се наоѓа пред „невозможна“ мисија во Лигата на шампионите каде што треба да го надополни недостатокот од првиот дуел со Реал Мадрид (0:3). Дополнителен проблем за менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола е нерешениот дуел од Премиер лигата со Вест Хем. Гвардиола реши да го откаже тренингот предвиден за вечерва и на тој начин да им даде одмор на играчите. Со тос сака да даде шанса да бидат со семејствата и пријателите и така да донесат позитивна енергија за утрешниот дуел со Реал. Ова е начин на кој Гвардиола сака да ја спаси сезоната особено што елиминација во Лигата на шампионите ќе биде тежок удар откако сега Арсенал има девет бодови предност во однос на Манчестер сити во Премиер лигата.

Share this post: