Американските војници го губат моралот: Не сакаме да умреме за Израел и да бидеме политички пиони
2026-03-23 - 18:34
Американските војници почнале масовно да ги доведуваат во прашање целите на американската операцијата во Иран, објавува „Хафингтон пост“. Според публикацијата, вознемиреноста кај војниците расте поради стрес, безбедносни проблеми и нејасните цели на американските воени акции и цели. Не сакаме да умреме за Израел – не сакаме да бидеме политички пиони“, цитира „Хафингтон пост“ еден припадник на американската војска. Џо Кент: Ја почнавме војната под притисок од израелското лоби, Иран не претставуваше никаква закана за САД Воените службеници забележуваат недостаток на јасно планирање на акциите и предупредуваат против спроведување копнена операција на територијата на Исламската Република. Не можеме целосно да одбраниме ниту една копнена база во борбена зона. Тоа не навестува ништо добро при евентуална кпнена операција“, вели еден функционер.