Германски „Цајт“: САД во Иран претрпуваат економски и стратешки пораз
2026-03-16 - 15:48
Германскиот весник „Цајт“ (Die Zeit) коментира дека САД во Иран претрпуваат воен, економски и стратешки пораз. Според весникот, американскиот претседљател, Доналд Трамп му покажува на целиот свет како воена кампања може да предизвика огромна штета на сопствената земја. Медимот додава дека САД веќе ефективно ја загубиле војната против Иран Во воена смисла, САД и Израел веќе го пропуштија својот момент на супериорност и не успеаја да го променат режимот; Сегашниот ирански режим се зајакна, а општеството се обедини; Ефикасните контрамерки на Иран, вклучително и блокадата на Ормутскиот теснец, предизвикаа глобална енергетска криза која ги погодува и Американците; Победници се Русија со гасот и нафтата, како и Кина со технологии за зелена енергија“ се победници“, пишува весникот. Во текстот се додава дека нападот врз земја-членка на ОН во времето кога со неа водеа преговори, предизвикал непоправлива штета на имиџот на САД во земјите од Глобалниот Југ. Со оваа војна, Трамп го менува статусот на САД од некогаш почитувана суперсила во опасна земја предатор, но со скратени заби; Доколку САД, со сета своја моќ, не постигнат повеќе во Иран отколку што постигнале досега, засекогаш ќе го изгубат својот авторитет“, пишува „Цајт“.