TheNorthmacedoniaTime

Распад систем Барса: Атлетико им даде четири голови

2026-02-13 - 07:59

Екипата на Атлетико Мадрид во првото полуфинале од Кралскиот куп на домашен терен синоќа ја совлада Барселона со 4:0, а сите голови беа постигнати во првиот дел. Атлетико поведе со автоголот на Ерик Гарсија во 6.минута, а во 14.та минута веќе беше 2:0 – стрелец беше Антоан Гризман. Новото засилување на Атлетико Адемола Лукман зголеми на 3:0 во 33.минута, додека конечните 4:0 ги постави Хулиен Алварез во 45+2 минута. Реванш дуелот се игра на 3.март. Во второто полуфинале Реал Сосиедад како гостин го совлада Атлетик Билбао со 1:0, а реваншот го играат на 4.март. Финалето на Кралскиот куп се игра на 18.април

Share this post: