TheNorthmacedoniaTime

Единаесетгодишно девојче од Скопје прегазено во Центар, возачот избегал од местото на несреќата

2026-03-17 - 13:03

Единаесетгодишно девојче од Скопје е тешко повредено откако било удрено од патничко возило на крстосница во градот, а возачот по несреќата го напуштил местото на настанот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 16 март во 16:10 часот, кога од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било соопштено дека кај нив е донесена малолетничката со тешки телесни повреди. Според првичните информации, несреќата се случила околу 13:20 часот на крстосницата меѓу улиците „Васил Ѓоргов“ и сервисната улица што води кон „Народен Фронт“, каде патничко возило удрило во девојчето и потоа избегало. На местото бил извршен увид од екипа на СВР Скопје, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.

Share this post: