Љутков: Тврдењата за злоупотреба на службената положба се неосновани, неточни и паушални
2026-03-11 - 13:07
Денес Синдикатот на културата објави дека поднел кривична пријава против министерот Зоран Љутков за злоупотреба на сопствената положба и овластување и повреда на права од работен однос. Министерот Зоран Љутков ја нарече срамна прес-конференцијата на Синдикатот на културата и изјави дека тврдењата против него се неточни и паушални. Министерот за култура Зоран Љутков на денешната прес-конференција изјави дека Министерството во повеќе наврати побарало дијалог со Синдикатот на културата, но дека разговорите завршиле без договор. Тој посочи дека биле одржани два состанока со претставниците на синдикатот, при што, според него, наместо разговор за унапредување на правата на културните работници и нов колективен договор. „Сакам недвосмислено да нагласам дека како министер, секогаш стојам на страната на учесниците во културата и се залагам за заштита на нивните права. Никогаш не сум постапувал самоволно, ниту сум ускратил законски загарантирани работнички права. Сите одлуки што ги носам се во согласност на законските рамки и со принципот на еднаков третман за сите вработени во културниот сектор. Тврдењата за злоупотреба на службената положба се целосно неосновани и неточни. Ниту во еден момент не сум попречил остварување на никакво работничко право загарантирано со Устав и со закон. Напротив, мојата обврска е да обезбедам систем каде што правилата важат еднакво за сите, без привилегии и без исклучоци“, вели Љутков. Тој изјави дека во Македонија, се применува општ колективен договор за јавен сектор, а вработените во културата имаат и грански колективен договор кој со утврдена пресметка на плата. „Општиот колективен договор предвидел покачување на платите во јавниот сектор за 10% од месец септември 2023 година. Во таа смисла, заради усогласување од страна на Министерството за култура, било понудено склучување анекс на колективниот договор што синдикатот го одбил. Денеска на прес-конференција слушнавме дека такво нешто не било понудено. Јас го имам овде кај мене документот. Па сега синдикатот тужи за пресметка на плати според начин кој доведува вработените во културата да имаат повисока минимална плата за пресметка на платата од објавената минимална плата во согласност со закон во државата.“, изјави Љутков Според министерот во 2025 година минималната плата во јавниот сектор во земјата за пресметка на основната бруто плата изнесувала 36.037 денари, а барањето на синдикатот за култура била пресметката на основната бруто плата да се прави на износ од 39.641 денар, којшто ги прави во поповолна ситуација од сите други останати во јавниот сектор и што е спротивно на минималната плата објавена согласност со закон. Со тоа Љутков вели дека синдикатот барал незаконски да се пресметуваат плати „Минималната плата на сите вработени во државата е иста, таа е уредена со закон и јавно се објавува секоја година. Ако со покачувањето на минималната плата во 2025 година сите вработени во јавниот сектор добија покачување во нето износ од 1.800 денари, вработените од установите во областа на културата добија покачување во нето износ од 1.800 денари за најниското работно место до 4.390 денари за највисокото работно место“, вели Љутков. Министерот Љутков изјави дека Министерството во повеќе наврати побарало дијалог со Синдикатот на културата, но дека разговорите завршиле без договор. На прес-конференцијата го прикажа документот којшто бил даден на Синдикатот на култура и во тој документ стои дека решението е возможно и дека според министерот проблемите можеле да бидат надминати без проблеми. Министерот Љутков упати порака до синдикатот за кутлура дека во ниту еден наврат никогаш не проговарале со институцијата што тој за застапува, Министерството за Култура и туризам. Синдикатот на културата поднесе кривична пријава против министерот Зоран Љутков за злоупотреба на функцијата