TheNorthmacedoniaTime

Сред дебатата за владиниот авион, Муцунски летна од Скопје за Тирана

2026-02-19 - 13:45

И додека опозицијата и владата во Северна Македонија се „караат“ околу (зло)употребата и купувањето на новиот владин авион, и покрај блиската копнена оддалеченост министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски патуваше со државен авион од Скопјe до Тирана за Економскиот форум за Коридорот 8. Министерството за надворешни работи се оправда дека авионот е користен поради набиената агенда, пишува Порталб.мк. Порталб.мк дознава дека министерот за надворешни работи во Тирана патувал со државен авион, иако делегацијата на Македонија не објавила никакви фотографии или информации за користењето на авионот. Меѓу ретките фотографии што се појавуваат на социјалните мрежи е онаа од Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија каде што заменик-министерката Вилма Премти заедно со амбасадорот Денион Мејдани го пречекале Муцунски на аеродромот. На нив може да се види дека Муцунски пристигнал со владиниот авион на Северна Македонија. Муцунски пак објавил една слика од пристигнувањето во Тирана, но на неа е исечен делот каде што се гледа владиниот авион. Муцунски пак објавил една слика од пристигнувањето во Тирана, но на неа е исечен делот каде што се гледа владиниот авион. Пречекот на аеродромот во Тирана на Тимчо Муцунски од страна на Вилма Премти. Фото: Тимчо Муцунски (Фејсбук) Иако копненото растојание помеѓу Скопје и Тирана е кратко, околу 219 километри ако одите од Ќафасан и околу 332 ако патувате низ Косово, во двата случаи патувањето трае приближно четири до четири и пол часа. Во меѓувреме, со користењето на владиниот авион во овој случај се прават значително повисоки трошоци отколку со патување со службено возило или друг алтернативен копнен транспорт. Но, Министерството за надворешни рабори и надворешна трговија и Владата на Република Северна Македонија се правдаат. Од Министерството за надворешни рабори и надворешна трговија за Порталб.мк изјавија дека авионот е употребен бидејќи согласно првично утврдената агенда, беше предвидено министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, веднаш по враќањето од Тирана да го пречека и да биде домаќин на министерот за надворешни работи на Словачката Република, Јурај Бланар. Пречекот на аеродромот во Тирана на Тимчо Муцунски од страна на Вилма Премти. Фото: Тимчо Муцунски (Фејсбук) „Агендата предвидуваше исклучително краток временски интервал за престој и враќање од Тирана, како и за реализација на следните обврски во Скопје, поради што беше планирано користење на владиниот авион како најсоодветно решение од аспект на временска ефикасност и почитување на обврските поврзани со словачката делегација. Посетата на словачкиот министер беше откажана во последен момент, еден ден пред нејзината реализација, поради негово итно патување во Соединетите Американски Држави, во име на премиерот на Словачката Република, Роберт Фицо”, изјавија од Министерството за надворешни работи. Од таму додадоа дека со оглед на тоа што авионот беше претходно резервиран, а трошоците веќе беа покриени од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, посетата во Тирана се реализираше согласно првичниот план. Од Владата без да дадат дополнителни детали, изјавија дека користењето на владиниот авион за службени патувања се утврдува согласно утврдени процедури, безбедносни проценки и оперативни потреби поврзани со извршувањето на службените обврски. “Во пракса, меѓународните активности и протоколарните распореди често бараат организација на патувањето согласно утврдени дипломатски стандарди и рокови што не секогаш се совпаѓаат со алтернативни логистички опции”, изјавија од Владата. Државниот авион Фото: СДСМ (Фејсбук) Посетата во Тирана со државниот авион се случи во екот на политичките тензии меѓу опозицијата и владата, токму поради државниот авион. Опозициската СДСМ ја критикуваше владата, која планираше да купи нов владин авион и за начинот на кој го користеше сегашниот, а владата потоа одлучи да се повлече од купување на нов авион.

Share this post: