TheNorthmacedoniaTime

Слаб снег на Шапка, Крушево и планинските премини Стража, Ѓавато и Буково

2026-03-18 - 09:24

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, но по влажни коловози. Слаби врнежи од снег, кои не се задржуваат на патиштата, се бележат на Попова Шапка и Крушево, како и на планинските премини Стража, Ѓавато и Буково. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Поради сезонски режим, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила и ќе остане затворен до 31 март 2026 година.

Share this post: