TheNorthmacedoniaTime

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме реален БДП кој расте

2026-03-05 - 12:47

Како Влада веќе шест квартали по ред имаме реален БДП кој расте со 3,5 проценти во просек, истакна премиерот Христијан Мицкоски денеска кој ги коментираше најновите податоци за растот на БДП. -Во последните два квартали од 2025 година, реалниот БДП расте до 3,8%. Често пати од опозицијата се исмеваат со ова што го зборувам, но факт е дека и во четвртиот квартал, од оние податоци кои ги објавува Евростат, реалниот раст на македонскиот бруто-домашен производ е во првите три во Европа. Ако се вратиме наназад неколку години, ќе дојдеме до констатација дека тогаш бевме на дно од регионот, сега сме пред соседите, истакна Мицкоски. Премиерот додаде дека во 2024 година Македонија ја заврши со реален раст на годишно ниво од 3 проценти, а во 2025 со раст од 3,5 проценти. -За 2026 година очекуваме растот да се движи меѓу 3,5 и 4 проценти, да имаме континуиран раст во услови кога европски раст е околу 0,5 проценти. Тоа значи дека економијата е консолидирана и политиките кои ги води оваа влада вродуваат со плод. Имаме политика која внимава, не троши премногу, но тоа што го троши, го троши таргетирано со цел да вродува со плод, нагласи Мицкоски.

Share this post: