TheNorthmacedoniaTime

До петок ќе биде сончево и релативно топло

2026-03-09 - 14:17

Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. До петок времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат постудени со минимални температури кои во некои места ќе се спуштат под нулата. Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд.

Share this post: